02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Види ги сите фотографии

Coral Blue Beach

Покажи на Мапа
Мапа
  • Само Хотел
  • Чартер програми
Датум на пријавување
Датум на одјавување
Патници
2
Возрасни
2
Деца
0
Години на Дете
Додади Соба
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
For Web
https://acrosshotels.gr/coralbluehotel/el/
Сместување
Хотел Coral Blue Beach – Геракини, Ситонија

Хотел Coral Blue Beach – Геракини, Ситонија

Локација: Грција / Халкидики / Ситонија / Геракини

Опис на хотелот

Плажа: Приватна песочна плажа. За секоја соба има 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 €.

Услуга: Полупансион (појадок и вечера).

Интернет: Бесплатно Wi-Fi на рецепција и на барот покрај плажа.

Сместување: Сместување во собите е после 15 часот локално време, напуштање на собите е до 10 часот последниот ден по локално време.

Типови соби и максимален капацитет

  • Double Room: брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго). Максимум сместување: 2 возрасни и 1 дете до 5 години без дополнително легло.
  • Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло. Максимум сместување: 2 возрасни + 2 деца (0–11,99 г.) или 3 возрасни.
  • Family Room with bunk bed: брачен лежај или одвоени кревети и кревет на спрат. Максимум сместување: 2 возрасни + 2 деца (0–11,99 г.) + 1 дете до 5,99 г. или 3 возрасни + 1 дете до 11,99 г.

Дополнителните легла во сите соби се на расклопување. Креветите на спрат се најчесто од железна конструкција.

Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали), телефон, фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата се во согласност со бројот на легла во истата.

Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) – 5 € на ноќ, со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.

Хотелски содржини

  • Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки и чадори за сонце.
  • Главниот ресторан „Thalassa“ е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
  • Барот на плажа „Ammos“ е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја, каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесни освежувања, коктели и вкусна ужина.

Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот или барот на плажа. Храната и пијалоците се достапни и можат да се купат во барот на плажата.

15% попуст до 15.01.2026, со целосна уплата до 20.01.2026

Ценовник по термини

Цена по лице за 7 ноќевања со појадок и вечера (HB).

Термин Услуга DBL Bungalow Family Bunk Bed
31.05 – 07.06.20267 HB275 €299 €315 €
07.06 – 14.06.20267 HB349 €369 €399 €
14.06 – 21.06.20267 HB420 €525 €545 €
21.06 – 28.06.20267 HB475 €579 €599 €
28.06 – 05.07.20267 HB515 €579 €599 €
05.07 – 12.07.20267 HB515 €579 €599 €
12.07 – 19.07.20267 HB569 €665 €685 €
19.07 – 26.07.20267 HB569 €665 €685 €
26.07 – 02.08.20267 HB569 €665 €685 €
02.08 – 09.08.20267 HB569 €665 €685 €
09.08 – 16.08.20267 HB569 €665 €685 €
16.08 – 23.08.20267 HB569 €665 €685 €
23.08 – 30.08.20267 HB545 €609 €629 €
30.08 – 06.09.20267 HB465 €505 €525 €
06.09 – 13.09.20267 HB465 €505 €525 €
13.09 – 20.09.20267 HB295 €315 €335 €
20.09 – 27.09.20267 HB275 €295 €315 €

Напомена: 2 деца до 11,99 години – бесплатно.

Лежалки и чадори: Лежалки и чадори на плажа – со нарачка.

Сите цени се изразени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс 1 € = 62 мкд.

Цената вклучува

  • 7 ноќевања со појадок и вечера.
  • Две деца до 11,99 години – бесплатно.
  • Користење на клима уред.
  • Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот.
  • Паркинг (во согласност со слободните места во моментот).

Доплати

  • Туристичка такса: 5 € по соба на ноќ (се плаќа директно во хотел).
  • Трет возрасен на дополнително легло: 37 € на ноќ.
  • Трето дете од 0–11,99 години: 25 € на ноќ.
  • Доплата за HB+: бесплатни пијалоци за време на вечерата од мени во ресторанот – 15 € на ден за возрасен и 8 € за деца до 11,99 години.
  • Доплата за FB+: ручек и бесплатни пијалоци за време на ручек и вечера од мени во ресторанот – 33 € на ден за возрасен и 17 € за деца до 11,99 години.

Превоз Македонија – Грција – Македонија

  • Скопје / Велес / Неготино / граничен премин Богородица – 50 € за возрасни, 40 € за деца до 11,99 години.
  • Струмица – 65 € за возрасни, 55 € за деца до 11,99 години.

Превозот се реализира со автобус, комбе или патничко возило, а истото го одредува агенцијата еден ден пред поаѓање.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде што може да минува превозното средство.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција за време и место на поаѓање. Патниците треба да бидат на местото за поаѓање 15 минути пред кажаното време.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења.

Напомена за резервации со попусти

  • Бројот на соби кои може да се резервираат со попуст за рани резервации е ограничен.
  • Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на попустите пред наведените датуми на истекување.
  • Резервациите направени со еден попуст не може да се комбинираат со друг попуст.
  • Доколку уплатата не се изврши навреме, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата и тоа не претставува причина за отказ на постоечката резервација.
  • За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена. Овој попуст не може да се комбинира со други попусти.
  • Во случај на отказ на резервации уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување, уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.

Начин на резервирање и правила за отказ

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ.
  • Доколку резервацијата се прави 14 или помалку денови пред датумот на започнување, потребна е 100% уплата на вкупниот износ.
  • За резервација е потребно да се дадат точни имиња и презимиња на сите патници и датуми на раѓање.

Отказни трошоци (надомест во процент од вкупната цена):

  • за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5%;
  • за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 20%;
  • за отказ од 29 до 20 дена пред патувањето се наплатува 50%;
  • за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето се наплатува 80%;
  • за отказ од 14 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето се наплатува 100%.

Приговори и поплаки

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците треба веднаш да го известат одговорното лице на рецепција. Доколку проблемот не биде решен, задолжително треба да се извести организаторот на патувањето и уплатното место каде што е склучен договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на програмата. Рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците нема да бидат земени предвид.

Организаторот не ја цени исправноста на патните документи.

Во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода и сл.) патниците треба да се обратат на надлежните институции во земјата на престој. Организаторот на патувањето е задолжен да помогне при посредување меѓу патниците и надлежните институции.

За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Локација

Локација: 
Грција / Халкидики / Ситониа / Геракини
Hotel - Nea Moudania,  14 km; Hotel - Gerakini, Paralia Gerakinis 2 km; Hotel - Psakoudia 7.6 km; Hotel - Metamorfosi 17.5 km; Hotel - Nikiti 24 km

GPS:
X Координати: 40.276520
Y координати: 23.428868