02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не

Кипар во септември

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

Кипар е волшебен остров во источниот Медитеран, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Низ 10 000 годишната историја  бил населен и освојуван од  Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци  и Крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја и со живописната култура и песочните плажи ја спојува во една незаборавна дестинација.
Познат како легендарното родно место на Афродита, грчката божица на љубовта, Кипар нуди уникатна комбинација на природна убавина и историско богатство. Од кристално чисти води и златни песоци до планински села и антички урнатини, секој агол на островот раскажува приказна. Она што го прави Кипар особено привлечен за посетителите е неговата различност. Без разлика дали сте ентузијаст за историја кој истражува римски мозаици во Пафос, авантурист кој пешачи по планините Тродос или едноставно сакате да се опуштите во луксузно одморалиште во Аја Напа или Лимасол, има по нешто за секого. На сето тоа, додадете топлото гостопримство, вкусната медитеранска кујна, прекрасните одморалишта, интересни настани, ноќен живот и повеќе од 300 сончеви денови годишно, и лесно е да се види зошто Кипар треба да биде на вашата листа за патувања.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

ПРВ ДЕН - 20.09.2025 (сабота) СКОПЈЕ - СОЛУН – ЛАРНАКА

Состанок на групата 12 00 ч пред хотел Русија и поаѓање према аеродромот во Солун.  Пасошки и царински формалности. Состанок на групата на аеродром во Солун во 17:00 ч. ( локално време) планирано полетување за Ларнака во 20:30 ч. Пристигнување во Ларнака во 23:20ч, организиран трансфер до хотелот, сместување и ноќевање.

ВТОР ДЕН - 21.09.2025 (недела) ЛАРНАКА -АЈА НАПА – ЛАРНАКА

Појадок во хотел. Заминување на тиркизниот рај и најпознатиот туристички  центар на Кипар . Аја Напа- со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејсажи. Некогашно  мало, рибарско село, сместено во увала, ќе имате можност да бидете сведоци на неверојатни погледи, идилични рибарски пристаништа, да истражите средновековни цркви, како и да го искусите познатиот жив ноќен живот, медитеранска храна, прошетка низ стариот дел на градот преполн со локални продавници и сувенири како и прошетките низ прекрасната променада покрај море придружени со добар ручек.
Далеку од метежот на централната Аја Напа, ќе добиете шанса да ги посетите морските пештери Кејп Греко – неверојатна, природна знаменитост долж крајбрежјето на Аја Напа со импресивни карпести формации и погледи. Мора да се види „Мостот на љубовта“, прекрасна туристичка атракција во Аја Напа, која се смета за еден од највпечатливите природни мостови на Кипар. Во Аја Напа дури 14 плажи се одликувани со “Сино знаме”, па навистина нема да згрешите која плажа и да ја посетите, а најпопуларна (во Аја Напа и на целиот Кипар) е плажата Ниси. Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода и потсеќа на плажите во Малдиви. Можност за плажирање.

Во договорено време со организиран трансфер се враќаме према Ларнака.  Организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт.  При разглед на градот Ларнака, ја посетуваме црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Продолжуваме кон средновековна тврдина која се наоѓа на крајот од живописното шеталиште Финикудес, е една од најпознатите знаменитости на градот. Првично изградена во 14 век, веројатно од Лузињанците, тврдината подоцна била зајакната од Османлиите во 17 век и се користела во различни периоди како воена база, затвор и одбранбена структура што го чувала пристаништето. Денес, тврдината стои како добро сочуван потсетник на средновековното и отоманското минато на Кипар, нудејќи им на посетителите уникатен поглед во повеќеслојната историја на островот. Нејзините дебели камени ѕидови, заоблени сали и издигнати бранови обезбедуваат панорамски поглед на Средоземното Море. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во
Ларнака, слободно време за кафе, ручек или коктел во некој од многубројните барови и ресторани кои се наоѓаат. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН - 22.09.2025 (понеделник) ЛАРНАКА - НИКОЗИЈА – ЛАРНАКА

Појадок во хотелПоаѓање према главниот град на Кипар Никозија. Еден град поделен на два со 130,000  жители  , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден  час понапред  е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен LaikiGetonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа  и тесни улички, Посета  на  Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Слободно врем е за ручек/ посета на музеј или шопиг во мол. По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот  зид кој го дели Кипар на Грчки И Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот. Во договореното време поаѓање према Хотел. Слободни активности Ноќевање. Предлог посета – Соленото Езеро и набљудување на фламингоси птици.

ЧЕТВРТИ ДЕН - 23.09.2025 (вторник) ЛАРНАКА - СОЛУН- СКОПЈЕ

Појадок во хотел. По појадокот слободни активности и можност за плажирање. По договореното време поаѓање према аеродром. Полетување од Ларнака во 13 50 ч . Пристигнување во Солун во 16 00 ч . Трансфер од Солун до Скопје. Царински формалности и попатни паузи.

Што е вклучено во цената

  • Автобуски трансфер  Скопје – Солун – Скопје
  • Директен лет на релација Солун –Ларнака -Солун
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
  • Сместување во 3* хотел на база 3 ноќевања со појадок  во хотел во Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Факултативна посета на Аја Напа и Ларнака  со водич и трансфер .
  • Факултативна целодневна посета на Никозија ,со  водич и трансфер

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)

Важно

  • Доколку самите си организирате трансфер до Солун се одбиваат 10 евра од цената.
  • За реализација на програмата  потребно е  група од 25 патника
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Деца 3-11.99г плаќаат 399евра

 

Општи напомени:

·         Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;

·         Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;

·         Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

·         Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

·         За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;

·         За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

·         Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

·         Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

·         Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

·         За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

·         Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

·         Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Фото Галерија