Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
E-Mail
Време на Повик
Контакт
034 345 212; 070 349 521

Запознајте не



ДТУ ДООЕЛ Атлантис Струмица
е приватна туристичка агенција, основана на 24-ти мај, 1995 година. Атлантис е постојана членка на IATA(International Air Transport Association) и СКТМ (Стопанска комора за туризам на Македонија), исто така е активен постојан член на разни асоциации и здруженија сврзани со туристичката дејност. Атлантис поседува А лиценца за вршење на туристичка дејност.

Т.А. Атлантис


одсекогаш завзема солидно место и сериозен пристап во туристичката дејност. Од своето постоење, па до денес Атлантис е препознатлива агенција по својот перманентен растеж во речиси сите сфери на локално и меѓународно рамниште. Се одликува со ексклузивни и висококвалитетни аранжмани и квалифициран кадар за различни профили.

Стратегија на Атлантис е континуирано да ги подобрува сите свои процеси од својата дејност:



                                                                                    








Сектор за развој

  • Развој на нови продукти и маркетинг
  • Претставништва и суб-агенти
  • Букинг    

   Сектор за продажба

  •  Класична(шалтерска) продажба
  •  Авио билети
  • Корпоративна(директна) продажба

     Сектор за превоз

  • Превоз на патници
  • Одржување на возила

    Сектор за подршка

  • Финансии и сметководство
  •  Човечки ресурси и прави работи
  •  Одржување на опрема и простор


Со воведување на систем на организација со квалитет се трудиме на поголема одговорност и свест на нашите вработени при исполнување на обврските и надлежностите, зголемување на степенот на задоволување на барањата на корисниците и континуирано унапредување на квалитет и ефикасност. Нашите обврски ги исполнуваме следејќи ги процедурите за квалитет и со тимска работа следејќи ги целите за квалитет сврзани со сите идентификувани процеси предводени од највисокото раководство.

Политиката за квалитет взаемно е поврзана со политиката во нашата агенција и затоа во нејзина основа е:

Грижа и мотивација на нашите вработени преку давање на континуирани обуки, подигнување на свеста преку организациски методи за квалитет и овозможување на максимално прилагодливи услови;
Професионален однос, комуникациски вештини и постојана грижа да ги задоволиме барањата на нашите корисници и да ги надминеме нивните очекувања;
За работната средина се грижиме со посебно внимание. Модерни системи и современа технологија за континуирана следливост и организираност со што на нашите кортисници им нудиме најдобар можен квалитет;
Нашиот успех во нагорна линија беспрекорно го следиме судејќи по препознатливоста на туристичката сфера, судејќи по годините зад нас (постоиме од 1995г.), иновацијата, постојаноста пронижена со растеж и богата понуда на активности, големи проекти акредитирани и признаени од високо поставени инстанции;
Секако, не на последно место, наша инспирација и наша водечка сила е нашата лојална и верна клиентела и долгогодишни партнери. Нивното задоволство и нивниот повратен одговор се наше мерилo да ги унапредуваме и прошируваме нашите надлежности.

Сопствен возен парк од високотуристички автобуси, минибуси и автомобили
Туризмот се врти околу патувањето и транспортот на патници е витален дел од него. АтлантиС континуирано инвестира во превозот со набавка на висококвалитетно опремени возила и обучен кадар со цел да ги задоволи високите критериуми на туристичката индустријата а поседува и сопствен паркинг простор. Возилата ги исполнуваат највисоките стандарди за превоз, опремени со клима, GPS, TV, DVD-player, WC, фрижидер.

Регистерски број: SR-2612-AC
Вид, марка и тип: М3-PATNICHKO, SETRA, S 416 GT-HD
Бр. на седишта: 53+2

Регистерски број: SR-3993-AC
Вид, марка и тип: М3-PATNICHKO, SCANIA, OMNI EXSPRESS
Бр. на седишта: 53+2

Регистерски број: SR-212-BS
Вид, марка и тип: AVTOBUS, VOLKSWAGEN, CRAFTER
Бр. на седишта: 19+1

Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.