1 ден - 30.04. (петок) - СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 2.30 часот на паркингот на хотел „ВИП“, тргнување за Белград во 3.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот со локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Соборната црква, Народната скупштина, Булеварот на Крал Александар, плоштадот на Републиката, мостовите на Сава, Кнез Михајлова улица, Калемегдан... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
2 ден - 01.05. (сабота) - БЕЛГРАД
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на меморијалниот Центар "Куќата на цвеќето" во која се наоѓа гробот на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито. Во попладневните часови можност за крстарење по Сава и Дунав или индивидуални прошетки во центарот на граот, трговските центри .... Ноќевање.
3 ден - 02.05. (недела) - БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн... ручек во традиционален ресторан – Салаш, во центарот на градот. Враќање назад во Белград. Слободно време за индивидуални активности ...Ноќевање.
4 ден - 03.05 (понеделник) БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на трговскиот центар Ушќе. Слободно време за шопинг до 15 часот. Во договорено време тргнување кон Скопје , со куси паузи за одмор и царински формалности. Пристигнвање во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА до 25 Март : 109 евра (6.760 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.380 денари (119 евра)
Цената на аранжманот вклучува:
· Превоз со туристички автобус на наведената релација
· 3 ноќевања со појадок во хотел со 3***
· Разгледување на Белград со локален водич
· Посета на трговскиот центар Ушќе
· Пратител на групата за време на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
· Целодневна посета, разгледување на Нови Сад со стручен локален водич и ручек во традиционален ресторан – Салаш, 1.240 мкд. (20 евра) за минимум 30 пријавени патници
· Посета на Куќата на цвеќето 10 евра без вклучена влезница
· Крстарење по Сава и Дунав
· Вечера во ресторан на Скадарлија 1.550 мкд.(25 евра)
· Задолжително патничко-здравствено осигиривање
· Туристичка такса 160 денари по ноќ по лице (се плаќа на рецепција)
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
За овој програм важат Општите услови на патување на СКТМ.
Начини на плаќање:
- 30% од износот на аранжманот како авансна уплата
- Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.