THALASSA SOUSSE RESORT & AQUA PARK Tunisia Sousse
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

THALASSA SOUSSE RESORT & AQUA PARK Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хамамет

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС,  трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Тунис

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хамамет - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Тунис  – Скопје со директен лет.
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
  • Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Тунис
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.
  • Организација на патувањето.
  • Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

    • Меѓународно патничко здравствено осигурување
    • Хотелски услуги после одјавување на собите.
    • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    • Сите хотели се на барање.
    • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
    • За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
    УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 
    • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
    • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 
    • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
    • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
    • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 
     ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 
    • точно име и презиме на патниците (како според документ)
    • датум на раѓање
    • број на пасош и датум на валидност. 
    • Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 
    • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 
    Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 
      Останати Забелешки:
    • » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
    • » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
    Сместување
    Хотелот нуди 471 сместувачка единица и сите имаат балкон/тераса, клима уред, SAT LCD TV, сеф, мини бар.
    Стандардните соби се со големина од околу 36m2.
    Бунгаловите се со големина од околу 40m2.
    Големината на семејниот бунгалов е околу 50m2.

    Се плаќа: room service, телефон, сеф, мини бар
    Дополнителни информации
    Продавници, супермаркет, мини маркет, продавница за сувенири, лекар, аптека, сала за состаноци, сервис за перење и пеглање.
    Плажа
    Хотелот се наоѓа на своја песочна плажа долга 300m, користењето на чадори и лежалки е бесплатно, крпи со депозит.
    Услови за деца
    детски базен
    мини клуб (4-12 години)
    соба за игри со видео проектор
    Концепт за исхрана
    Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцен појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува закуски, колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди неколку ресторани - Al Walima (главен ресторан), Al Cham, Arabesque, La pecheur и Al Bahr. На гостите им се достапни и барови -Lobby, Pool, Beach, American i Moorish Cafe.

    Со доплата: a la carte ресторани, Bar American, цедени овошни сокови, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, флаширани пијалоци, шиша и се останато надвор од концептот.
    Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).
    Важни информации
    Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.
    Локација
    Хотелот се наоѓа во Sousse, на 4km од центарот на Sousse и 4km од Port El Kantaoui. Од аеродромот во Monastir е на околу 16km, а од аеродромот во Тунис на околу 150km.
    Краток опис
    Thalassa Sousse Resort & Aqua Park е 4-ѕвезден хотел, комплетно реновиран во 2012/2013 година. Модерно стилизиран и дизајниран, зафаќа површина од 14ha опкружен со прекрасни и убаво уредени градини. Хотелот располага со вкупно 471 соба (271 соба во бунгалови и 200 соби во три павилјони). Гостите имаат на располагање базени, како и неколку ресторани и барови. Може да се пофали со добра локација бидејќи се наоѓа недалеку од центарот на Сус (околу 4km) и од Порт Ел Канатауи (4km).

    За деца има мини клуб (4-10 години), аква парк, базени, анимации.
    Спорт и рекреација
    Хотелот нуди 4 надворешни базени, еден за деца со тобогани, аквапарк со 25 тобогани + 8 базени, еден внатрешен базен, тениско игралиште, аеробик, пинг-понг, терен за разни спортови, стрелаштво, одбојка на плажа, анимација, диско.

    Со плаќање: спортови на вода, нуркање, тениско игралиште во вечерните часови

    Spa & wellness
    Со доплата: хамам, сауна, масажи, фитнес центар, џакузи, фризерски салон, сите третмани за нега на лице и тело.

    THALASSA SOUSSE RESORT & AQUA PARK Слики и Видеа

    Почнувајќи од..
    Најниска Цена и Дата
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.

    Нашиот билтен за е-пошта;
    Нашиот билтен за е-пошта;
    Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
    Маилинг Пошта

    Содржина на маилинг листа

    Име
    Презиме
    Маил
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.