SENTIDO BELLVUE PARK Tunisia Sousse
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

SENTIDO BELLVUE PARK Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хамамет

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС,  трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Тунис

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хамамет - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Тунис  – Скопје со директен лет.
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
  • Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Тунис
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.
  • Организација на патувањето.
  • Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

    • Меѓународно патничко здравствено осигурување
    • Хотелски услуги после одјавување на собите.
    • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    • Сите хотели се на барање.
    • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
    • За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
    УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 
    • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
    • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 
    • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
    • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
    • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 
     ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 
    • точно име и презиме на патниците (како според документ)
    • датум на раѓање
    • број на пасош и датум на валидност. 
    • Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 
    • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 
    Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 
      Останати Забелешки:
    • » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
    • » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
    Сместување
    Стандард собите се околу 35 m². Тие можат да имаат поглед на море, базен, градина или копно.
    Standard family собите се околу 55m² со поглед на градината. Имаат 1 спална соба со 1 брачен кревет и 2 посебни кревети.
    Family собите се со површина околу 56m² со поглед на море или базен. Тие имаат 2 одвоени спални соби со 1 брачен кревет и 2 посебни кревети.
    Superior family собите се околу 75 m² со поглед на градината. Имаат 2 посебни спални соби и 2 бањи со 1 брачен кревет и 2 посебни кревети.
    Junior suite се околу 40m² со поглед на базен или море. Во едната соба има спална и дневна соба.
    Дополнителни информации
    Менувачница, сервис за перење и пеглање, лекар на повик, медицинска служба, библиотека, фризер, бутик, мини маркет.
    Плажа
    Хотелот се наоѓа на долга песочна плажа. Употребата на чадори, лежалки и крпи е со депозит.
    Facilities
    Содржини: рецепција, надворешен базен, внатрешен базен, главен ресторан, два a la carte ресторани - медитерански и ориентален, лоби бар (отворен 24 часа), бар покрај базен и ориентално кафуле, анимација, детско игралиште, Wi- Fi интернет, интернет катче, главен надворешен базен, детски базен, внатрешен базен. Дополнително се доплаќаат чување деца, ориентално кафе, увозни пијалоци, часови по тенис, рекети и тениски топчиња, спортови на вода, спа, разни масажи, амам, таласотерапија, ајурведа, маникир, педикир и фризер.
    Концепт за исхрана
    Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцeн појадок, ручек, вечера во главниот ресторан (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци и закуски се вклучени во концептот.

    Покрај главниот ресторан, гостите имаат пристап до à la carte ресторан (тунижанска кујна) еднаш за време на нивниот престој, како и 3 барови (Piano, Pool i Snack bar).

    Со доплата: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, à la carte ресторан и се вон концептот.

    Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).
    Важни информации
    Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.
    Локација
    Хотелот Sentido Bellevue Park се наоѓа во Порт Ел Кантауи, на само 2 километри од истоименото пристаниште, каде има бројни ресторани, барови и продавници, околу 15 километри од центарот на Сус, а околу 35 километри од Монастир. Од најблискиот аеродром Енфида е на околу 40 километри,а околу 140 километри од аеродромот во Тунис.
    Во непосредна близина на хотелот има автобуска станица.

    Карактеристики за соба
    Хотелот располага со 387 соби. Сите сместувачки единици имаат балкон или тераса, сателитска ТВ, телефон, мини бар, Wi-Fi интернет, клима уред, сеф, бања со када, посебен тоалет, фен, апарат за кафе и чај.

    Краток опис
     Хотел Sentido Bellevue Park припаѓа на добро познатиот ланец на хотели Sentido (од 2021 година). Отворен е во 1994 година, а последен пат е реновиран во 2017 година. Хотелот располага со 390 сместувачки единици. Покрај главниот ресторан, гостите можат да уживаат во à la carte ресторан со традиционална тунижанска кујна, како и барови (Piano bar, Pool bar и Snack bar).

    За најмладите има мини клуб (4-12 години), игралиште, детски базен (отворен и затворен кој се загрева). Хотелот има и макси клуб (13-17 години) со секојдневна анимација.

    Спорт и рекреација
    Хотелот располага со 1 надворешен базен за возрасни и деца, како и 1 затворен базен (загреан во одреден период според правилата на хотелот), одбојка на плажа, бочање, пинг-понг, гимнастика во вода, дневни и вечерни анимации. Wi-Fi е бесплатен во хотелот.
    Се плаќа: спортови на вода, билијард, тенис, голф и останато вон концептот.

    Spa & wellness
    Гостите можат да ја користат теретаната без дополнителни трошоци.
    Се плаќа: Wellness центар, Спа, сауна, разни масажи, третмани и други работи надвор од концептот.

    SENTIDO BELLVUE PARK Слики и Видеа

    Почнувајќи од..
    Најниска Цена и Дата
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.

    Нашиот билтен за е-пошта;
    Нашиот билтен за е-пошта;
    Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
    Маилинг Пошта

    Содржина на маилинг листа

    Име
    Презиме
    Маил
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.