Датум на Најавување во Хотел
|
Ноќ(и)
|
Возрасен
|
Дете
|
Години за Дете
|
Поаѓање
|
Пристигнување
|
Пристигнување - Аеродром
|
Датум на Пристигнување
|
Ноќ(и)
|
Возрасен
|
Дете
|
Години за Дете
|
Плажа и базени:
- хотелска приватана плажа
- 2 надворешни базени
- лежалки, чадори и крпи се достапни на плажата и покрај базените - бесплатно
Услуги за деца:
- Детски базен во склоп на големиот надворешен базен.
- Игралиште за деца
- Mini Club (за возраст од 4 -14 години, отворен секој ден од 10:00 до 12:00 и од 15:00 до 17:00).
- Mini-Disco (од 20:30 часот.)
- Baby Cot (на барање, бесплатно).
- Детски дел во Главниот ресторан
- Детски столчиња (во рестораните на барање, бесплатно)
- Сладолед во Италијанскиот ресторан бар од 12:00 – 17:00 ( бесплатно за деца помали од 14 години )
Al Hilal- Military Hospital Street, 84511 Hurghada,
Egypt
Меѓународниот аеродром Хургада е на 10 км од хотелот Sea
Star Beau Rivage. Сакала, модерен центар на Хургада, е оддалечен 2 км.
ALL inclusive концепт:
" El Khayam " - главен ресторан
Појадок (Open buffet): 07:00 - 10:00 ч.
Доцен појадок (Continental): 10:00 - 11:00 ч.
Ручек (Open buffet): 13:00 - 15:00 ч.
Вечера (Open buffet): 19:00 - 22:00 ч.
Доцна вечера (Light buffet): 23:00 - 01:00 ч.
Пијалоци:
Бесплатни: Коктели (приготвени со локални пијалоци), локални алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалоци, кафе, чај - сите пијалоци служат во чаши. (Напомена: за Ваша безбедност сите пијалоци во барот кај базенот се служат во пластични чаши) Сите all inclusive пијалоци и храна се служат во рестораните и баровите.
Со доплата: Сите увозни алкохолни пијалоци, флаширани пијалоци, свежи сокови, еспресо/ капучино / турско кафе.
" Grill Corner "
Ручек (Ala carte, со доплата) 13:00 - 15:00
Ужина (бесплатно за ALL ) 12:00 - 14:00
A la carte ресторани (со доплата): "La Nonna " – Италијански ресторан, " Samakmak " - Рибен ресторан, " Pizza Corner ".
* Можност за 1 бесплатна вечера во "La Nonna " италијанскиот ресторан за сите ALL inclusive гости со предходна резервација.
Барови:
- " Star " - Coffee Shop (отворен 24 часа, AI service 10:00 – 00:00)
- " Subway " - Disco Bar (отворен од 23:00 – 02:00 ч.). За All Inclusive гостите, од 23:00 – 00:00 ч.
- " Pool Bar " - (отворен од 10:00 – зајдисонце вклучувајќи ги All Inclusive услугите).
- " Italian Restaurant Bar " - (отворен од 10:00 – 00:00 ч. вклучувајќи ги Аll Inclusive услугите).
- " Ice Cream Corner " бесплатно за деца од 1 - 14 год (отворен од 12:00 – 17:00 ч.– 1 порција на ден).
- " Tea Time Corner " - (отворен од 16:00 – 17:00 ч. вклучувајќи ги Аll Inclusive услугите).
- " On the Rocks Pub " - (отворен од 20:30 – 01:30 ч., со доплата).
- " Fish Restaurant Bar " - (отворен од 10:00 – 01:00 ч., со доплата).
- “Shisha Corner" или "Outside Coffee Shop” – ( отворен од 16:00 - 01:00 ч., со доплата)
Рекреација и спорт:
- Пинг понг, лоциран во " Star " Coffee Shop – бесплатно
- фудбалче Baby Foot, лоциран во " Star " Coffee Shop – бесплатно
- Билјард, лоциран во " Star " Coffee Shop – со доплата
- TV со голем екран, лоциран во " Star " Coffee Shop – бесплатно
- Сквош, затворен терен , лоциран во близина на Pizza Corner – бесплатен за All Inclusive гости
- Терен за фудбал (песок) - бесплатно.
- Терен за одбојка (песок) - бесплатно.
- Subway Disco (отворен од 23:00 до 02:00, бесплатен влез, All Inclusive пијалоци вклучени до 00:00).
- Дневни анимациски активности (bocce, аеробик, aqua аеробик, часови по танцување, натпревари, water polo).
- Вчерни забави (разни видови на шоу).
- Мини - голф (со доплата).
За
овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со
резервирање на вашата соба.
Цените
се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Хотелските
соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од
сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата
политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено
се извинуваме за какви било несогласувања.
ALL inclusive концепт
За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Одмор во Хургада Објавено на 20.04.2022
Со директен лет од Скопје
Дати на патување (7 дена / 6 ноќевања)
Секоја Среда од 11.05.22 до 05.10.2022 (вклучително)
Секоја Сабота од 11.06.22 до 08.10.2022 (вклучително)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 7 дена - 6 ноќевања
Прв ден | Скопје - Хургада
Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на
АтлантиС, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот). Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање
Втори до Шести ден | Хургада
Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)
Седми ден | Хургада - Скопје
Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00)
после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови. Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден.
Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:
Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:
ЗАБЕЛЕШКИ:
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА поврзана со COVID-19 за влез во Египет
1. Доколку патникот е вакциниран, потребно е да има:
2. За патниците кои немаат сертификат за вакцинација потребно е да приложат:
референтна институција со валиден QR код; ИЛИ
** ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА: За децата на возраст до 11,99 години не им е потребен PCR или антигенски брз тест за
да влезат во Египет;
За секоја промена дополнително ќе Ве информираме.
Организатор на патувањето е ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и за оваа програма може да се користат Covid-19 ваучерите издадени од АтлантиС
УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника
Услови за промена на цената на пакет аранжманот
Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА.
АтлантиС за своите клинти има обезбедено можност за плаќање до 6 или 12 рати без камата.
Овој начин може да се направи со кредитни картички на Стопанска банка до 6 рати или со наменски кредит во соработка со Силк Роуд Банка до 12 рати. За сите дополнителни информации слободно обратете се во некоја од канцелариите на АтлантиС.
За резервации по Last Minute понуди или други попусти агенцијата го задржува правото да не дозволи
плаќање на рати без камата
ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ДТУ АТЛАНТИС ДООЕЛ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА
ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ
ИЗГУБЕН БАГАЖ: Ако вашиот багаж е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромот, информирајте
го агентот на авио компанијата и локалниот претставник на партнер агенцијата на аеродром за да Ви
помогнат да ги пополните потребните формулари. За обештетување во случај на оштетен или целосно изгубен
багаж е надлежна авио компанијата.
ТРАНСФЕРИ ОД / ДО АЕРОДРОМ: по пристигнување на аеродромот претставник на партнер агенцијата ќе ве
пречека и ќе ве упати до автобусот (минибус, такси) за превоз до резервираниот хотел. Обврска на патникот е да се грижи за својот багаж да биде внесен во превозното срество за трансфер.
Времето на враќање од хоте ќе биде навремено истакнато во Вашиот хотел. Ако оваа информација не е истакната Ве молиме да го контактирате претставникот на локалната партнер агенција. Ве молиме да бидете на рецепција во хотел 15 минути пред закажаното време за трансфер. Пред тоа треба да го предадете клучот од собата и доколку имате клуч од сеф, проверете ги патните документи и платете ги вашите сметки.
ЦЕНА ЗА ДЕЦА: Цената за деца е валидна само при сместување со две полноплатежни лица.
Дете до 2 години, Детето на оваа возраст нема седиште во авион или кревет во хотел.
Детето кое има бесплатно сместување плаќа само износот на авионската карта и трансфер и има седиште во авионот, трансферот, но е можно да нема сопствен кревет.
Детето кое има попуст ги има сите услуги од програмата, но наместо редовно легло има дополнително легло.
ЗАБЕЛЕШКА: При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.
Патниците не можат да бараат намалување на цената за оброк што не можат да го искористат во случај на рани утрински или доцни вечерни летови, како и за неискористени оброци при пријавување на екскурзии.
На рецепција во хотел може да е информирате дали постои можност да ви бидат подготвени ланч пакети во денови кога ќе бидете на екскурзија.
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност.
Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите. Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.
Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на
расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот во Вашата соба.
Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.
Сместување во хотел: За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот од локалната
партнер агенција. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по
12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот. Ако сакате да ја задржите собата подолго потребно е да се информирате на рецепција дали постои таква можност и исто така плаќањето за оваа услуга се прави дирекно во хотел.
All inclusive - Се вклучено: Ве молиме во агенцијата да побарате информации за деталниот концепт на услугата се вклучено на Вашиот избран хотел.
Постои можност некои од содржините на хотелот во одреден момент да не се функционални поради објективни причини за што организаторот на патувањето нема одговорност. Во хотелите кои служат храна на принцип шведска маса постои можност поради недовоен број гости, услугата да се врши на основа на мени, кое не се смета за промена на аранжманот.
КЛИМА УРЕД: Функционирањето на клима уредот во хотелот зависи од сезоната и од деловната политика на хотелот.
ПАТНИ ДОКУМЕНТИ: Авионските билети, ваучерите и информативно писмо ќе Ви бидат дадени на аеродром (2 часа пред полеување) од страна на аеродромскиот претставник на АтлантиС или еден ден пред полетување ќе Ви бидат испратени по електронски пат. По превземањето на билетите мора да наравите чекирање на шалтерот на авио превозникот, предавање на багаж и пасошка контрола. Планирајте го времето за патување до аеродром, поради можни сообраќајни метежи, работи на пат и слични. Агенцијата нема да биде одговорна доколку патникот не стигнал навреме на аеродром за да се пријави на летот. Во овој случај се применуваат правилата за отказ на ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ - како да сте се откажале од патувањето на самиот ден на патување при што пеналите се 100%.
Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме
проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 6 месеци од последниот датум на
Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.
Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.
ПРЕДСТАВНИК ОД ЛОКАЛНАТА ПАРТНЕР АГЕНЦИЈА: Представниците зборуваат на англиски јазик и тие се
должни да ги пречекаат и испратат патниците во Хургада и да ги посетат во одредени денови за давање на дополнителни информации за факултативни излети или евентуална помош која им е потрена на патниците (усугите на претставникот не подразбираат целодневно или секојдневно доаѓање во Вашиот хотел).
Во случај на несоодветно сместување или било каков друг проблем Ве молиме да го известите представникот
на првиот инфо состанок или по телефон веднаш по настанувањето на проблемот. Напоменуваме дека поплаки за кои агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или после враќање од патувањето нема да бидат разглдувани. Ве молиме во случај на било каква инцидентна ситуација (кражба, сообраќајна несреќа и слично) да се обратите до надлежните органи во Хургада. Организаторот на патувањето со својата партнер агенција единствено може да Ви помогне како посредник помеѓу Вас и надлежните органи.
ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Пријавувањето и плаќањето на истите се врши на лице место.