Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања
Прв ден | Скопје - Хамамет
Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС, трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање
Втор до седми ден | Тунис
Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)
Осми ден | Хамамет - Скопје
Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.
Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:
Авионски карти на релација Скопје – Тунис – Скопје со директен лет.7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багажАеродромски и административни таксиОрганизиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во ТунисПречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.Организација на патувањето.Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:
- Меѓународно патничко здравствено осигурување
- Хотелски услуги после одјавување на собите.
- Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
- Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Сите хотели се на барање.
- Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
- За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE
- За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
- Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање.
- Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
- Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
- После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
- Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
- Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА - точно име и презиме на патниците (како според документ)
- датум на раѓање
- број на пасош и датум на валидност.
- Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.
- Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување
Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника
Останати Забелешки:
- » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
- » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
Сместување
Собите располагаат со ТВ, телефон, мини бар, бања со туш кабина и фен и балкон.
Дополнителни информации
Хотелот располага со: 2 ресторани , 3 барови, базен, затворен базен, фитнес, сала за банкет и конференции, бизнис центар, салон за убавина, доктор.
Плажа
Хотелот Royal Jinene има приватна плажа. Чадори и лежалки - бесплатно.
Услови за деца
- детско игралиште
- базен со детски дел
- детско мени
- мини клуб
Важни информации
Хотелите имаат право да менуваат поединечни услуги, начините на плаќање, како и периодот на користење на содржините, да го променат концептот на all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, така што организаторот на патувањето не може да сноси одговорност за тие промени.
Локација
Хотелот се наоѓа на само 3 километри од центарот на Сус, блиску до пристаништето и одморалиштето Порт Ел Кантауи.
Краток опис
Сопственик на одлична плажа на првата линија, Hotel Royal Jinene 4* се наоѓа во туристичката област во близина на Порт ел Кантауи, сместен во срцето на Сус, недалеку од аква паркот "Aquasplash". Сите видови на кафулиња, барови, ресторани, аква паркови, клубови и други места за забава се на непосредна близина од хотелот.
Спорт и рекреација
- голф
- пинг понг
- тениско игралиште
- сауна
- џакузи
- вечерна забава
- интернет кафе (со доплата)