Во цената е вклучено:
Чадорите и лежалките на плажата пред хотелот и базенот се бесплатни.
Во цената не е вклучено:
Со доплата, спа центарот на хотелот нуди разновидни третмани, сауна, парна бања, џакузи, масажи, фризер и салон за убавина.
Спорт и рекреација
Хотелот нуди пинг понг, билјард, мултифункционално спортско игралиште - одбојка, фудбал, кошарка, тенис (со доплата), аква аеробик, затворен и отворен базен за возрасни и деца.
Важни информации
За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Сместување
Сите соби имаат сопствена бања со туш кабина, фен, телефон, централна климатизација, САТ-ТВ, мини фрижидер, сеф (со доплата), балкон или тераса. Повеќето соби се со поглед на море.
Пансион
Хотелот работи на All Inclusive концепт.
За хотелот:
RIU Helios Paradise се наоѓа директно на плажа помеѓу Сончев Брег и Св. Влас.
Хотелот има 5 ресторани, 4 надворешни базени, внатрешен базен, wellness центар, Wi-Fi конекција низ целиот хотел, рецепција, лоби бар и паркинг.