Old Palace Sahl Hasheesh Egypt Hurghada Hurghada
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

Old Palace Sahl Hasheesh Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Краток опис
Хотелот е отворен во 2008 година, последен пат дел од собите и холот и ресторанот се реновирани во 2011 година. Зафаќа површина од 62.000 м2. Има 292 сместувачки единици распоредени во главната и три анекс згради. Се препорачува на сите што сакаат да уживаат во мирен и луксузен одмор.

За децата има игралиште, мини клуб и анимации за деца.
Плажа
Хотелот има прекрасно уредена песочна плажа долга околу 160 метри. Плажата има помал дел со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е област за пливање со плитка вода. Пешкири, лежалки и чадори за сонце се достапни за гостите на хотелот. Крпите се добиваат со картичка (хотелот ќе ја наплати загубата на картичката).
Facilities
Продавници, rent a car, лимузина, банкомат, лекар, конференциска сала, фризер.
Локација
Сместен е во Sahl Hasheesh на сопствена плажа, на околу 20 км од Хургада и на околу 18 км од аеродромот.
Концепт за исхрана
Услугата е all inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор на неколку јадења, според правилата на хотелот), попладневни слатки и чај. Концептот вклучува и закуски, мини сендвичи во барот Sea Breeze покрај главниот базен, сладолед, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци на одредено место во предвиденото време.
Хотелот исто така има два a'la carte ресторани - италијански и бразилски.
Се плаќа: a'la carte ресторани, локални алкохолни пијалоци и наргиле во Al Khan Oriental Cafe (18:00 h до полноќ), пијалоци во дискотека и друго вон концептот.
Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).
Спорт и рекреација
Хотелот има отворен базен, релакс базен со џакузи. Во текот на зимата, релакс базенот се загрева (што е променливо во зависност од временските услови и пополнетоста на капацитетот на хотелот). Други активности вклучуваат: пинг-понг, одбојка на плажа, куглање, ватерполо, пикадо. Wi-Fi интернет е достапен во холот во хотелот бесплатно.
Се плаќа: билијард, изнајмување велосипед, јавање коњи, нуркање, спортови на вода и друго надвор од концепт.
Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Програма

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хургада

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Хургада

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хургада - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

·  Авионски карти на релација Скопје – Хургада – Скопје со директен лет.

·  7 ноќевања во избраниот хотел на услуга All inclusive или Ultra all inclusive во зависност од избраната опција од Вас

·  Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж

·  Аеродромски и административни такси

·  Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада

·  Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.

·  Организација на патувањето.

 

Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

·         Влезна виза за Египет - за лица со Македонски пасош визата се добива при пристигнување во Египет и истата чини 25 долари.

·         Меѓународно патничко здравствено осигурување

·         Хотелски услуги после одјавување на собите.

·         Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

·         Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.

ЗАБЕЛЕШКИ:

·         Сите хотели се на барање.

·         Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

·         За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

·      Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.

·         Објавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 

·         За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.

·         Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 

·         Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

·         Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.

·         После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.

·         Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.

·         Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 

·         точно име и презиме на патниците (како според документ)

·         датум на раѓање

·         број на пасош и датум на валидност. 

·         Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 

·         Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 

Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 

 

Сместување
Сите соби имаат клима, мини бар, сателитска ТВ, сеф, кетлер, фен, балкон.
Стандардните соби се наменети за најмногу двајца возрасни и едно дете. Големината е околу 37 м². Погледот е на градината или базенот.
Супериор собите имаат делумен поглед на море и се достапни со доплата.
Deluxe собите се поголеми (околу 47м2) имаат директен поглед кон морето и се плаќаат дополнително.
Се плаќа: услуга во соба, телефон.
Band Text
General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care
Spa & wellness
Гостите можат да ја користат теретаната бесплатно.
Се плаќа: џакузи, сауна, парна бања, турска бања, масажи и други третмани.

Old Palace Sahl Hasheesh Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.