Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања
Прв ден | Скопје - Хамамет
Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС, трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање
Втор до седми ден | Тунис
Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)
Осми ден | Хамамет - Скопје
Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.
Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:
Авионски карти на релација Скопје – Тунис – Скопје со директен лет.7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багажАеродромски и административни таксиОрганизиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во ТунисПречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.Организација на патувањето.Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:
- Меѓународно патничко здравствено осигурување
- Хотелски услуги после одјавување на собите.
- Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
- Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Сите хотели се на барање.
- Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
- За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE
- За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
- Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање.
- Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
- Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
- После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
- Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
- Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА - точно име и презиме на патниците (како според документ)
- датум на раѓање
- број на пасош и датум на валидност.
- Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.
- Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување
Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника
Останати Забелешки:
- » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
- » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
За хотелот:
Сместување
Хотелот располага со вкупно 618 сместувачки единици, сите имаат сопствена бања, LCD телевизор, интернет, телефон, мини бар, сеф, клима и бокал за вода. Две соби се наменети за лица со посебни потреби.
Стандардни соби има вкупно 239, имаат еден брачен или два единечни кревети и површина од 30-34м².
Стандардни соби со делумен поглед на море, исто така имаат еден брачен или два единечни кревети и површина од 30-34м². Во хотелот има 100 такви соби.
Стандардни соби со поглед на базен има 94.
Стандардни соби со поглед на море,имаат површина од 34м² и ги има 136.
Дополнителни информации
Хотелот располага со продавници, менувачница, банкомат, rent-a-car, конференциски сали.
Плажа
Хотелот Movenpick Resort & Marine Spa Sousse има своја песочна плажа. На гостите им се достапни чадори, лежалки и крпи без доплата.
Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е полупансион - појадок и вечера или All Inclusive - самопослужување (избор на повеќе јадења по хотелски правила). Покрај главниот ресторан, гостите можат да уживаат и во Tapeo (шпанска кујна), Sendai (јапонски специјалитети), Wave (Snack Bar), Breeze (Lobby Bar), Fresh (Pool Bar), Cafe Aga и многу други.
Со доплата: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Важни информации
Хотелите имаат право да менуваат поединечни услуги, начините на плаќање, како и периодот на користење на содржините, да го променат концептот на all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, така што организаторот на патувањето не може да сноси одговорност за тие промени.
Локација
Хотелот Movenpick Resort & Marine Spa Sousse е оддалечен околу 2km од центарот на градот Сус, околу 20km од аеродромот во Monastir, околу 140km од аеродромот во Тунис.
Карактеристики за соба
Сите соби се удобни и пријатни, опремени со модерен и удобен мебел. Собите имаат:
- ТВ со кабловски канали;
- интернет;
- мини-бар со фрижидер;
- клима уред;
- сеф;
- телефон;
- кафемат и чајник;
- бања со када или туш кабина, фен и тоалет.
Краток опис
Семеен хотел, сместен веднаш на брегот на морето, нуди бројни активности, како за возрасните, така и за своите најмлади гости. Отворен е во 2010 година и има 618 соби и апартмани. Гостите на располагање имаат 5 ресторани, 6 барови, спа и фитнес центар. За деца до 12 години обезбедена е анимација во детската куќа „Vik“, а има и игралиште.
Со доплата: чување на деца.
Спорт и рекреација
Три отворени базени (голем базен во облик на лагуна, базен со морска вода и еден за деца), затворен базен со морска вода, фитнес центар, интернет, одбојка на плажа, пинг-понг, сауна, турска бања (амам).