MARHABA PALACE HOTEL Tunisia Sousse Port el Kantaoui
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

MARHABA PALACE HOTEL Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хамамет

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС,  трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Тунис

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хамамет - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Тунис  – Скопје со директен лет.
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
  • Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Тунис
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.
  • Организација на патувањето.
  • Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

    • Меѓународно патничко здравствено осигурување
    • Хотелски услуги после одјавување на собите.
    • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    • Сите хотели се на барање.
    • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
    • За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
    УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 
    • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
    • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 
    • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
    • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
    • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 
     ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 
    • точно име и презиме на патниците (како според документ)
    • датум на раѓање
    • број на пасош и датум на валидност. 
    • Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 
    • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 
    Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 
      Останати Забелешки:
    • » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
    • » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
    За хотелот:

    Сместување

    Сите соби имаат балкон, Сат ТВ, клима, мини бар, сеф, телефон, бања со одвоен тоалет, фен за коса. Хотелот располага со вкупно 332 сместувачки единици, кои може да имаат поглед на градина/ базен или на плажа.


    Со доплата: room service, телефон.

    Дополнителни информации
    Во хотелот се наоѓа менувачница, продавници и конференциски центар. Доктор е достапен на барање.
    Плажа
    Хотелот има сопствена плажа. Употребата на лежалки и чадори е бесплатна, додека крпите се достапни со депозит. 
    Концепт за исхрана

    Услугата во хотелот е All Inclusive – појадок, ручек, вечера во главниот ресторан ( самопослужување – избор на повеќе јадења по хотелските правила). Во концептот се вклучени локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци, ужини, колачи во одреден период од денот. Гостите на располагање имаат и à la carte ресторан ( еднаш во текот на престојот бесплатно со претходна резервација), Pool, Beach & Bar with stage. Користење на Moorish барот се доплаќа. 

    Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и останато надвор од концептот, Moorish bar.
    Хотелот има право да ги промени деталите на услугата во зависност од сезоната (време, содржини...).

    Важни информации
    Хотелите имаат право да променат поединечни услуги, начинот на плаќање на истите, како и периодот на користење на содржините, да го променат концептот на all inclusive и слично, а во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, па организаторот на патувањето не може да биде одговорен за промените.

    Локација
    Хотелот се наоѓа во срцето на местото Port el Kantaoui, на пешачка оддалеченост од пристаништето и центарот. Од аеродромот Monastir оддалечен е околу 26km, а од Sousse околу 7km.
    Краток опис
    Marhaba Palace е хотел од висока категорија кој е отворен во текот на целата година. Последен пат е реновиран 2016/2017 година. Има 330 сместувачки единици, 2 junior suit со поглед на градина/ базен или плажа. Освен главниот ресторан, на гостите на располагање им се и à la carte ресторан, Bar salon со тераса, Moorish, Pool, Beach и American bar во текот на сезоната.
    За најмладите постои детски клуб (4-12 години), игралиште за деца и детски базен со фонтана. 
    Спорт и рекреација

    Хотелот во понудата има 4 базени: два затворени (од кои едниот се грее), еден отворен со морска вода и џакузи и еден детски базен.

    Хотелот има дневна и вечерна анимација, терени за тенис и мини голф. Од спортски активности достапни се одбојка на плажа, кошарка, фудбал, аеробик, билјард, пинг- понг. Бесплатна Wi-Fi конекција во целиот хотел.

    Се доплаќа: спортови на вода.


    Гостите без доплата можат да го користат фитнес центарот.

    Се доплаќа: масажи, амам, џакузи, сауна.

    MARHABA PALACE HOTEL Слики и Видеа

    Почнувајќи од..
    Најниска Цена и Дата
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.

    Нашиот билтен за е-пошта;
    Нашиот билтен за е-пошта;
    Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
    Маилинг Пошта

    Содржина на маилинг листа

    Име
    Презиме
    Маил
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.