MARHABA BEACH Tunisia Sousse
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

MARHABA BEACH Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хамамет

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС,  трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Тунис

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хамамет - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Тунис  – Скопје со директен лет.
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
  • Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Тунис
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.
  • Организација на патувањето.
  • Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

    • Меѓународно патничко здравствено осигурување
    • Хотелски услуги после одјавување на собите.
    • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    • Сите хотели се на барање.
    • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
    • За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
    УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 
    • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
    • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 
    • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
    • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
    • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 
     ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 
    • точно име и презиме на патниците (како според документ)
    • датум на раѓање
    • број на пасош и датум на валидност. 
    • Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 
    • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 
    Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 
      Останати Забелешки:
    • » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
    • » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
    Сместување
    Хотелот располага со 244 сместувачки единици, 10 јуниор апартмани со поглед на градина, базен или плажа. Сите соби имаат сателитска ТВ, клима, мини бар, телефон, бања со када или туш и посебен тоалет, фен, Wi-Fi.

    Платено: услуга во соба, телефон, сеф на рецепција.
    Плажа
    Хотелот располага со песочна плажа. На плажа и покрај базен, чадори, лежалки и душеци - бесплатно, а крпите се со депозит За деца, детски базен. 
    Концепт за исхрана
    Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек, вечера во главниот ресторан (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Доцниот појадок, чајот и колачите се служат во Снек барот, додека во одредени периоди од денот на гостите во барот на плажата им се достапни разни закуски. A la carte вечера се служи еднаш неделно во снек барот. Локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци се вклучени во концептот.

    Се плаќа за: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и други артикли надвор од концептот.

    Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).
    Важни информации
    Последно ажурирање на информации /18.11.2022/
    Забелешка: Администрацијата на хотелот го задржува правото да направи промени во концептот на хотелот без претходно предупредување
    Локација
    Хотелот се наоѓа на 2km од Медина во Сус, додека од аеродромот во Монастир го делат 21km. Се наоѓа во центарот на Сус и на 3km од одморалиштето Порт Ел Кантауи и Голф, помеѓу белиот песок и кристално чистите води на Средоземното Море, овој хотел е изграден во 1980-тите. Аеродромот е оддалечен 46km.
    Карактеристики за соба
    климатизација
    телефон
    телевизија
    бања и посебен тоалет
    мини бар
    Фен
    Wifi
    room service
    Краток опис
    Marhaba Beach е хотел отворен во текот на целата година. Има 244 соби и 10 јуниор апартмани. Дизајнирани се да пружат единствен комфор. Има 2 надворешни базени (еден за возрасни и еден за деца) и еден затворен базен. Покрај главниот ресторан, на гостите им се достапни неколку барови: Main, Snack, American, Moorish, Pool и Beach bar во текот на сезоната.

    За најмладите има детски клуб и игралиште за деца.

    Спорт и рекреација
    Хотелот нуди 3 базени: еден внатрешен, еден надворешен и еден детски базен. На гостите им се достапни тениски терени (со претходна резервација на рецепција), мини голф, билијард, пикадо, пинг-понг, одбојка на плажа, стрелање, аква аеробик, ватерполо и разни немоторизирани спортови на вода. Wi-Fi е достапен низ целиот хотел, бесплатно.
    Со доплата: моторизирани спортови на вода.

    Spa & wellness
    Гостите имаат пристап до фитнес центар, сауна, џакузи и амам.
    Со доплата: масажи и третмани.

    MARHABA BEACH Слики и Видеа

    Почнувајќи од..
    Најниска Цена и Дата
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.

    Нашиот билтен за е-пошта;
    Нашиот билтен за е-пошта;
    Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
    Маилинг Пошта

    Содржина на маилинг листа

    Име
    Презиме
    Маил
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.