EL BORJ HOTEL Tunisia Mahdia Mahdia
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

EL BORJ HOTEL Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хамамет

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС,  трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Тунис

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хамамет - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Тунис  – Скопје со директен лет.
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
  • Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Тунис
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.
  • Организација на патувањето.
  • Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

    • Меѓународно патничко здравствено осигурување
    • Хотелски услуги после одјавување на собите.
    • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    • Сите хотели се на барање.
    • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
    • За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
    УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 
    • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
    • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 
    • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
    • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
    • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 
     ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 
    • точно име и презиме на патниците (како според документ)
    • датум на раѓање
    • број на пасош и датум на валидност. 
    • Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 
    • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 
    Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 
      Останати Забелешки:
    • » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
    • » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
    Дополнителни информации
    Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.
    Плажа
    Хотелот има  приватна песочна плажа, бар на плажа, лежалки и чадори се бесплатни, додека пешкирите се со депозит.
    Услови за деца
    Детски базен - игралиште - мини-клуб
    Facilities
     Хотелот се состои од 5 згради со 228 сместувачки единици. На гостите им е на располагање главниот ресторан, тематски ресторан со туниска кујна и барови (лоби бар, Azur Pool bar). WiFi е достапнo во лобито на хотелот и во главниот ресторан.Oтворен базен - загреан внатрешен базен (освен периодот од 15.06 до 15.09)                                                                                                                                                                                                                                                                                                                             - мал трговски центар со 4 продавници - здравствен дом                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                               
    Мавританско кафуле (се доплаќа) кај чичко Вешуш - бар на плажа: отворен од 10 до 18 часот. 
    Концепт за исхрана
    All Inclusive од 10:00 до 12:00 часот Појадок од 07:00 до 10:00 часот Доцна појадок од 10 до 12 часот во лоби барот Ручек од 12.30 до 14.30 часот Полник 16 до 17 служи пица и хамбургери како закуска Вечера од 19.30 до 21.00 часот - пијалоците во дискотеката од 00.00 до 04.00 часот се плаќаат                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    Алкохолните и безалкохолните пијалоци се вклучени во концептот.
    Се плаќа за: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и други артикли надвор од концептот.
    Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина...)
    Карактеристики за хотелот
     Хотелот има вкупна површина од 6.000 квадратни метри и се состои од 7 двокатни згради. 228 соби
    Локација
    Хотелot се наоѓа во туристичката зона Махдиa, односно 3 км од центарот на градот и 50 км од аеродромот во Манастир.
    Карактеристики за соба
     Хотелот се состои од 228 сместувачки единици. Секоја соба има телефон, фен за коса, сателитска ТВ.
    Стандардните семејни соби се со големина од 26м2 и имаат балкон.
    Стандардните двокреветни соби се со големина од 26м2 и имаат балкон.
    Стандардните поврзани соби се со големина од 52м2 и имаат балкон.
    Собите за лица со посебни потреби се со големина од 26м2 и имаат балкон.                                                                                                                                                                                                                           - чистење на собите (пати/неделно): 7
    - промена на постелнина (часови/неделно): 3 
    - клима уред (централен) 15/06 до 15/09 
    - телефон - туш 
    - балкон/тераса - Фен - сеф                                                                              
    Се наплаќа користење на мини бар и сеф.
    Спорт и рекреација
     - 3 тврди тениски игралишта 
    - пинг Понг 
    Стрелаштво 
    - одбојка 
    - фудбал 
    - кошарка 
    - мини голф 
    - коњички клуб на 100 m од хотелот 
    - Центар за спортови на вода: џет скии, скии на вода, сурфање, водени велосипеди     

    EL BORJ HOTEL Слики и Видеа

    Почнувајќи од..
    Најниска Цена и Дата
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.

    Нашиот билтен за е-пошта;
    Нашиот билтен за е-пошта;
    Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
    Маилинг Пошта

    Содржина на маилинг листа

    Име
    Презиме
    Маил
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.