Мапа

Desert Rose Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
  • Online Reservation
  • Галерија
  • Ценовник и информации за хотелот

Desert Rose Слики и Видеа

Информации за програмата

 

Одмор во Хургада                  Објавено на 20.04.2022

Со директен лет од Скопје

 

Дати на патување (7 дена / 6 ноќевања)

Секоја Среда од 11.05.22 до 05.10.2022 (вклучително)

Секоја Сабота од 11.06.22 до 08.10.2022 (вклучително)

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 7 дена - 6 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хургада

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.

Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на

АтлантиС, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.

Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот). Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

 

Втори до Шести ден  | Хургада

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.

Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел

Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

 

Седми ден | Хургада - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00)

после што завршуваат пансионските услуги.

Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)

Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови. Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден.

 

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Хургада – Скопје со директен лет.
  • Чекиран багаж до 20кг + 7кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада.
  • 6 ноќевања во избраниот хотел.
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
  • Организација на патувањето.

Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

  • Влезна виза за Египет - за лица со Македонски пасош визата се добива при пристигнување во Египет и истата чини 25 долари.
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување.
  • Хотелски услуги после одјавување на собите.
  • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
  • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
  • Горивна такса – се објавува 21 ден пред полет доколку авиокомпанијата наложи и истата е задолжителна како доплата
  • PCR тест/ови

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • Сите хотели се на барање.
  • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
  • За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА поврзана со COVID-19 за влез во Египет

1. Доколку патникот е вакциниран, потребно е да има:

  • сертификат за вакцинација против COVID-19 со валиден QR код;
  • да поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза на вакцината (ревакцинација);
  • Вакцини признати од Арапската Република Египет: Pfizer-BionTech / Sinopharm / Sputnik V / Moderna / AstraZeneca

2. За патниците кои немаат сертификат за вакцинација потребно е да приложат:

  • негативен PCR тест не постар од 72 часа од моментот на земање на брис и истиот да е издаден од

референтна институција со валиден QR код;    ИЛИ

  • негативен РАПИДЕН АНТИГЕН ТЕСТ со валиден QR код, не постар од 24 часа од земање на брис;

** ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА: За децата на возраст до 11,99 години не им е потребен PCR или антигенски брз тест за

да влезат во Египет;

 

За секоја промена дополнително ќе Ве информираме.

Организатор на патувањето е ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и за оваа програма може да се користат Covid-19 ваучерите издадени од АтлантиС

 

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ

 

ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE

  • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
  • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање.
  • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
  • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
  • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
  • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
  • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА

  • точно име и презиме на патниците (како според документ)
  • датум на раѓање
  • број на пасош и датум на валидност. Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.
  • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци

 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување

* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника

 

Услови за промена на цената на пакет аранжманот

Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.

Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА.

АтлантиС за своите клинти има обезбедено можност за плаќање до 6 или 12 рати без камата.

Овој начин може да се направи со кредитни картички на Стопанска банка до 6 рати или со наменски кредит во соработка со Силк Роуд Банка до 12 рати. За сите дополнителни информации слободно обратете се во некоја од канцелариите на АтлантиС.

За резервации по Last Minute понуди или други попусти агенцијата го задржува правото да не дозволи

плаќање на рати без камата

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ДТУ АТЛАНТИС ДООЕЛ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

 

  • Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното време на полетување. Сите времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат.
  • Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
  • За патниците кои не се македонски државјани се должни сами да се информираат за визниот режим за Египет / Хургада.
  • Багаж - На летот за Хургада е дозволен еден багаж од 20кг по лице (платежен авио билет). Во случај на надминување на дозволените килограми за багаж организаторот нема одговорност доколку авио компанијата одлучи да му наплати на патникот за надминатите килограми.
  • Во рачен багаж не е дозволено да се носат остри предмети и течности кои надминуваат 50ml, гелови, спреј или пена.

ИЗГУБЕН БАГАЖ: Ако вашиот багаж е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромот, информирајте

го агентот на авио компанијата и локалниот претставник на партнер агенцијата на аеродром за да Ви

помогнат да ги пополните потребните формулари. За обештетување во случај на оштетен или целосно изгубен

багаж е надлежна авио компанијата.

 

ТРАНСФЕРИ ОД / ДО АЕРОДРОМ: по пристигнување на аеродромот претставник на партнер агенцијата ќе ве

пречека и ќе ве упати до автобусот (минибус, такси) за превоз до резервираниот хотел. Обврска на патникот е да се грижи за својот багаж да биде внесен во превозното срество за трансфер.

Времето на враќање од хоте ќе биде навремено истакнато во Вашиот хотел. Ако оваа информација не е истакната Ве молиме да го контактирате претставникот на локалната партнер агенција. Ве молиме да бидете на рецепција во хотел 15 минути пред закажаното време за трансфер. Пред тоа треба да го предадете клучот од собата и доколку имате клуч од сеф, проверете ги патните документи и платете ги вашите сметки.

 

ЦЕНА ЗА ДЕЦА: Цената за деца е валидна само при сместување со две полноплатежни лица.

Дете до 2 години, Детето на оваа возраст нема седиште во авион или кревет во хотел.

Детето кое има бесплатно сместување плаќа само износот на авионската карта и трансфер и има седиште во авионот, трансферот, но е можно да нема сопствен кревет.

Детето кое има попуст ги има сите услуги од програмата, но наместо редовно легло има дополнително легло.

 

ЗАБЕЛЕШКА: При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.

Патниците не можат да бараат намалување на цената за оброк што не можат да го искористат во случај на рани утрински или доцни вечерни летови, како и за неискористени оброци при пријавување на екскурзии.

На рецепција во хотел може да е информирате дали постои можност да ви бидат подготвени ланч пакети во денови кога ќе бидете на екскурзија.

Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност.

Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите. Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.

Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на

расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот во Вашата соба.

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Сместување во хотел: За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот од локалната

партнер агенција. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по

12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот. Ако сакате да ја задржите собата подолго потребно е да се информирате на рецепција дали постои таква можност и исто така плаќањето за оваа услуга се прави дирекно во хотел.

 

All inclusive - Се вклучено: Ве молиме во агенцијата да побарате информации за деталниот концепт на услугата се вклучено на Вашиот избран хотел.

Постои можност некои од содржините на хотелот во одреден момент да не се функционални поради објективни причини за што организаторот на патувањето нема одговорност. Во хотелите кои служат храна на принцип шведска маса постои можност поради недовоен број гости, услугата да се врши на основа на мени, кое не се смета за промена на аранжманот.

 

КЛИМА УРЕД: Функционирањето на клима уредот во хотелот зависи од сезоната и од деловната политика на хотелот.

 

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ: Авионските билети, ваучерите и информативно писмо ќе Ви бидат дадени на аеродром (2 часа пред полеување) од страна на аеродромскиот претставник на АтлантиС или еден ден пред полетување ќе Ви бидат испратени по електронски пат. По превземањето на билетите мора да наравите чекирање на шалтерот на авио превозникот, предавање на багаж и пасошка контрола. Планирајте го времето за патување до аеродром, поради можни сообраќајни метежи, работи на пат и слични. Агенцијата нема да биде одговорна доколку патникот не стигнал навреме на аеродром за да се пријави на летот. Во овој случај се применуваат правилата за отказ на ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ - како да сте се откажале од патувањето на самиот ден на патување при што пеналите се 100%.

Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме

проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 6 месеци од последниот датум на

Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.

Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.

 

ПРЕДСТАВНИК ОД ЛОКАЛНАТА ПАРТНЕР АГЕНЦИЈА: Представниците зборуваат на англиски јазик и тие се

должни да ги пречекаат и испратат патниците во Хургада и да ги посетат во одредени денови за давање на дополнителни информации за факултативни излети или евентуална помош која им е потрена на патниците (усугите на претставникот не подразбираат целодневно или секојдневно доаѓање во Вашиот хотел).

Во случај на несоодветно сместување или било каков друг проблем Ве молиме да го известите представникот

на првиот инфо состанок или по телефон веднаш по настанувањето на проблемот. Напоменуваме дека поплаки за кои агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или после враќање од патувањето нема да бидат разглдувани. Ве молиме во случај на било каква инцидентна ситуација (кражба, сообраќајна несреќа и слично) да се обратите до надлежните органи во Хургада. Организаторот на патувањето со својата партнер агенција единствено може да Ви помогне како посредник помеѓу Вас и надлежните органи.

 

ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Пријавувањето и плаќањето на истите се врши на лице место.


Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.