ПАТУВАЊЕ НА МАЛДИВИ
СОФИJA – ИСТАНБУЛ – МАЛЕ – ИСТАНБУЛ – СОФИJA
Дата: 25.10.2020 - 03.11.2020г.
10 дена /7 ноќи со цена од 1437 евра
ПРОГРАМА
1-ви ден 25.10.2020: Софија - Истанбул
Полетување од аеродромот во Софија за Мале преку Истанбул во 21:25 часот со “Turkish Airlines”. Слетување на аеродромот во Истанбул во 23:50 часот.
2-ри ден 26.10.2020: Истанбул - Мале
Полетување за Мале во 02:10 часот. Пристигнување во Мале во 12:15 часот. Средба со нашата партнерска компанија и трансфер со брз брод, хидроплан или локален лет до избраниот хотел. Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.
3-ти до 8ми ден 27.10.2020 - 01.11.2020: Малдиви
Сонце, бел стаклен песок, водите на Индискиот океан, стотици ненаселени острови, топли лагуни со необични нијанси на сина, тиркизна и зелена, „подводни градини“ од корали. Асоцијацијата, кога ќе помислиме на Малдиви е егзотика, романтика, релаксација и топлина, што ни ги дава овој тропски рај. Ве уверуваме, тука ќе го најдете токму тоа.
За сите љубители на спортовите на вода и истражување на подводниот свет постои можност за дополнителни екскурзии од хотелите.
Веќе сте далеку од бучавата и стресот, веќе сте на вашето место, островот од соништата, заливот на соништата, еден романтичен филм и чудесно - вие сте главните ликови. Прошетајте се низ вашиот речиси напуштен остров, галете ја водата на топлиот океан, нурнете во водата која е дом на повеќе од 700 вида риби. На отворен океан може да сретнете делфини, ајкули, џиновски ражи.
9-ти ден 02.11.2020: Мале - Истанбул
Појадок. Слободно време за плажа и забава. Трансфер до аеродромот во Мале за летот на "Turkish Airlines" во 23:35 часот.
10-ти ден 03.11.2020: Истанбул - Софија
Слетување на аеродромот во Истанбул во 06:20 часот. Поаѓање за Софија во 08:35 часот и слетување на аеродромот во Софија во 08:55 часот.
ПАКЕТНИ ЦЕНИ
Хотел | Сместува | Услуга | Цена по лице во двокреветна соба |
Eryadu 3* + (Трансфер со глисер ) | Standart Room | Појадок и вечера | 1437€ |
Fihalhohi 3* + (Трансфер со глисер ) | Comfort Room | Појадок, ручек и вечера | 1527 € |
Olhuveli Beach 4* South Male Atoll ( Трансфер со глисер ) | Deluxe room | All Inclusive | 1970 € |
Mercure Kooddoo Maldives 4* Gaafu Alifu Atoll ( Трансфер со внатрешен лет ) | Beach Villa | Појадок и вечера | 2094 € |
Niyama Maldives 5* (Трансфер со внатрешен лет и глисер) | Beach Villa | Појадок и вечера | 2861 € |
Пакетните цени се во евра по лице и вклучуваат:
- Авионски билет Софија – Истанбул - Мале – Истанбул - Софија со Turkish Airlines и вклучен багаж до 40кг;
- Аеродромски такси;
- 7 ноќевања во избраниот хотел на Малдиви со соодветната пансионска услуга;
- Трансфери аеродром-хотел-аеродром со глисер или внатрешен полет;
- Дочек во Малдиви од локални претставници на англски или руски јазик;
-
Цената не вклучува:
- Лични трошоци;
- Храна, пијалоци и услуги кои не се спомнати во програмата;
- Патничко осигурување.
Редослед на авионската линија:
TK1030 25 Октомври Софија 21:25 Истанбул 23:50
TK 730 26 Октомври Истанбул 02:10 Мале 12:15
TK 731 02 Ноември Мале 23:35 Истанбул 06:20 – на 03.11
TK1027 03 Ноември Истанбул 08:35 Софија 08:55
*** Сите времиња на полетување и слетување се локални.
Рокови за отказ и пенали:
- при отказ на повеќе од 60 дена пред датумот на патување - не се задржуваат пенали;
- од 59 до 31 ден пред датумот на патување - се задржува висината на депозитот;
- oд 30 до 0 денови пред датумот на патување - 100 % од износот на договорот за патување
Услови и Забелешки:
- При резервација потребно е да се уплати депозит од 500 еура во денарска противвретдност по курс 1 еур = 62 мкд, а целосна доплата се прави до 31 ден пред датумот на патување.
- За реализацја на програмата се потребни минимум 12 лица.
- Организаторот на патување го задржува правото за промена на цената на програмата доколку настане промена на валутниот курс на USD / лев или ЕUR / USD.
- Патувањето е без медицински барања за имунизација.
- Рок за известување на клиентите дека не е остварен потребниот минимум е до 30 дена пред датумот на патување.
- Организаторот на патување го задржува правото за промена на редоследот на исполнување на активностите по програмата.
Во случај корисникот да го прекине доброволно своето патување, за време на траењето (реализацијата) на програмата, сите дополнителни трошоци, вклучително и транспортните трошоци се на негова сметка, и нема можност за повраток на средства за неискористени услуги.
Организатор на патување: договор за соработка со друга агенција