К А П А Д О К И Ј А
(Истанбул / Kaпадокија / Солено Езеро Туз Ѓолу / Анкара)
Термин: 22 Октомври 2020 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус
1ден/ 22.10 (четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Струмица (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек), Штип (пред Стадионот), Скопје (Хотел "ВИП" - наспроти саем), Куманово (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден/ 23.10 (петок) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Разглед на Истанбул со локален водич: Посета на Вселенската патријаршија и прв трон според честа во православната вселенска црква, црквата Св.Ѓорги, подигната во 1720г. и во која се чуваат духовните вредности и моштите на Св.Великомаченичка Ефимија, Св.Соломонија, Св.Теофана, како и дел од столбот на кој е камшикуван Исус Христос. Продолжуваме со разглед на стариот Истанбул - Плоштадот Султанахмед, во чија близина се наоѓаат Топ Капи, Аја Софија и Султан Ахметовата Џамија ( Сината Џамија ), Хиподромот.... Факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич и единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот (Прочуената Кула на Девицата, изградена во 408г. пред новата ера - еден от симболите на Истанбул, Црквата „ Hagia Irene” - најстарата византиска црква во градот, минување под мостот на Босфорот). Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
3ден/ 24.10 (сабота) ИСТАНБУЛ - КАПАДОКИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот и посета на џамијата на Сулејман Величествениот каде се наоѓаат гробовите на Сулејман Величенствениот, неговата сопруга Рокселана (Хурем Султан), ќерката Михримах. Слободно време за индивидуална посета на најголемата покриена чаршија Капали чаршија (отворена 1461 година со над 4000 продавници). Слободно време за шопинг до 19.00 часот. Поаѓање за Кападокија. Ноќно возење до Кападокија.
4ден/ 25.10 (недела) КАПАДОКИЈА
Пристигнување во Кападокија-област позната по своите рељефни форми формирани пред десетина илјади години по избувнивање на два вулкана (Ерчисе и Хасанда),област спомената во Библијата, каде раните христијани се населиле за слободно да ја проповедаат својата христијанска религија. Факултативно разгледување на најинтересните места во Кападокија со водич: највпечатливиот скалест замок “Учхисар”-симбол на архитектурните чуда во Кападокија. Продолжуваме кон подземниот град Кајмакли - еден од неколкуте најголеми и најдлабоки градови во Кападокија со 8 катови кои одат во длабочина до 85 метри.Поаѓање кон Ургуп со попатна посета Пасабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци.. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
5ден/ 26.10 (понеделник) ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА "СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА" - АНКАРА
Рано наутро околу 04:30часот (трансфер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување(се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сертификат за летање со балон. Враќање во хотел. Појадок. Факултативен целодневен излет низ Кападокија - Посета намузејот на отворено”Зелве”- село во кое во хармонија заедно живееле муслиманите и христијаните до 1924год. Продолжуваме до Националниот Парк “Ѓореме” центарот на раното христијанство, во чии пештери се наоѓаат цркви и манастири. Слободно време за ручек. Посета на посета на грнчарска работилница – презентација на начинот на работа и можност за купување на сувенири. Следи посета на една од најстарите винарии во Кападокија и дегустација на локални вина. Враќање во хотел. Вечера. Факултативна турска вечер во национален ресторан со турска ориентална програма (вклучена закуска). Ноќевање
6ден/ 27.10 (вторник) АНКАРА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ Ургуп до 11.00 часот. Напуштање на хотелот и поаѓање кон Македонија со пауза и посета на големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 80 км, широко 50 км, длабоко 50 см. (во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро… Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување наредниот ден во пладневните часови.
цена на аранжманот: 189€ / 11.720мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со високо туристички автобус
- 1 ноќевање со појадок во хотел со 3* или 4* во Истанбул
- 2 полупансиони (појадок и вечера) во хотел со 3* во Кападокија
- организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факулативен излет низ Кападокија - првиот ден – 35€ (превоз + локален водич +влезници за посетите)
- Факулативен излет низ Кападокија - вториот ден – 35€ (превоз + локален водич +влезници за посетите)
- посета на национален ресторан со турска ориентална програма - 30€
- крстарење со брод по Босфорот - 20€
- влезници за други културно историски споменици кои не се спомнати во програмата
- можност за летање со балон над Кападокија – 160€ (пријавување и уплата при резервација на аранжманот)
- патничко здравствено осигурување
Напомена:
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
За ЛЕТ СО БАЛОН, задолжителна е предрезервација во агенција при пријавувањето.
Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета.
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.