Hotel Manastir Македонија Berovo Berovo
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

Hotel Manastir Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Во цената е вклучено:
*понудените цени се од лице од ден, со вклучен ддв и туристичка такса и без вклучен пијалок за време на оброците

  • Менито за оброците вклучува специјалитети приготвени според локални рецепти од домашни продукти, произведени во еколошкиот Малешевски крај. 
  • За појадок се послужува стандард шведска маса, надополнета со месени, млечни и други локални специјалитети: баница, пишии, јуфка, урда, ајвар, пинџур, овчо сирење со пиперки, слатко од диви шумски плодови, печена тиква, домашен бел и р’жан леб...... 
  • Менито за ручек или вечера се состои од: Избор од разни видови супи за ручек.
Салатите се спремаат на повеќе начини користејќи локални градинарски продукти и шумски плодови , збогатени со млечни производи од малешевското поднебје. 
Главното јадење може да биде избор од Малешевска тава (со свинско,телешко или пилешко месо), клиси на тава, клиси со праз, свинска плешка, ребро или врат приготвени под вршник, полнети беровски компири, полнети тиквици, качамак со ребра, и други стандардни оброци припремени на повеќе начини од телешко и пилешко месо. Од артикли за скара на жар покрај стандардното месо, може да се избере - Дедо Иљова и Малешевска плескавица како и колбас јатаган... Прилозите за главното јадење се најчесто од градините и нивите на локалните производители. 
  • Десертот е избор од бабина торта со слатко од шумски плодови, слатко од Беровска слива, палачинка ала манастир, сутлијач со јаболка, тиквеник, кох, пита од сливи, пита од јаболка и други локални колачи.
За хотелот:
Во подножјето на Малешевските планини во областа Малешевија на надморска висина од околу 900 метри се наоѓа градот Берово. 
Малешевијата е еден од најчистите и незагадени региони во Македонија и таа се одликува со уникатна комбинација од речиси недопрена природа, големо културно и историско наследство, фолклор и занаетчиство и најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Пријатната клима и еколошко - здравата храна, го прави овој крај идеално прибежиште за одмор, гастрономско уживање, релаксација и рекреација. 
Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот располага со 30 соби, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици

Hotel Manastir Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.